Неделава ја обележи нашата конференција, на која разговаравме за потрошувачките трендови. На панелите ги разгледавме состојбите во малопродажбата и какви промени се очекуваат во секторот со засилената примена на вештачката интелигенција. Дознавме и дека финтек-компании од регионот се заинтересирани за влез на македонскиот пазар. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во своето излагање во рамките на конференцијата рече дека инвестицијата во ВИ не е скапа, а придобивките се огромни.
Конференцијата на „Блумберг Адрија“ ја отвори лидерот на нашиот аналитички тим Михаел Блажековиќ, кој направи длабинска анализа на македонскиот пазар. Според него, иако македонските потрошувачи имаат ограничена куповна моќ, потрошувачката е таа што го движи домашниот БДП.
Кога сме кај БДП, во првиот квартал од годинава тој порасна за три отсто. За Владата тоа е доказ за исправноста на политиките и со овој раст „Македонија е меѓу петте земји со најбрзорастечка економија во Европа, пред нас се Ирска, Данска и Полска“, се наведува во соопштението. Експертите, пак, велат дека нема простор за еуфорија, растот има иста динамика како лани.
Прочитај повеќе:
Државата годинава се задолжува повеќе од лани, но дали ги сака и парите на граѓаните
„Алта Груп“ побара дозвола од КЗК за преземање на „Стопанска банка Битола“
Неделава дознавме дека струјата за домаќинствата нема да поскапи до крајот на годината. Тоа значи дека ЕСМ и понатаму ќе продолжи да ја продава електричната енергија на универзалниот снабдувач по многу пониска цена од производствената и дека ќе работи за загуби, кои ќе ги покрива со нов кредит.
Уште еднаш ја анализиравме состојбата во општините, кои тонат во долгови. За три месеци годинава долгот се зголемил за три милиони евра. Единствен лек, според ЗЕЛС, е државата, по европски терк, да им дава повеќе пари од даночните приходи што ги собира.
Прочитај повеќе:
Колку заработуваат директорите на најголемите македонски банки?
Малите трговци не ги засакаа картичките - велат дека не им се исплати
Македонија ги укинува царините за увоз на стоки од САД, а царинските политики на Трамп и неделава беа во фокусот. Тој двојно ги зголеми царините за алуминиум и за челик. ЕУ предупреди дека би можела да ги забрза одмаздничките царини кон САД, а потоа соопшти дека гледа напредок во преговорите со Трамп и покрај зголемените царини.
Берзите остануваат на нишалката. Во ваков период директорот на „Енвидија“ сака да продаде дел од својот удел во вредност од 550 милиони долари.
Прочитај повеќе:
ББА анализа: Какви се очекувањата за градежништвото во Македонија и регионот?
ББА-анализа: Како реагира регионот Адрија на геополитичката врева
Германија најави пакет даночни олеснувања за фирмите, вреден 46 милијарди евра, а „прекрасниот“ закон за даноци на Трамп го налути Маск, кој законското решение го нарече „гнасотија“. Сепак, Трамп успеа да добие уште еден сојузник неделава.
Во САД проблем е и струјата. Таа е поскапа и за 180 отсто поради „седумте величествени“ и затоа не е ни чудно што денес е можно да украдете и ветер.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...