Германскиот индекс DAX стана првиот европски показател што го надмина својот рекорден максимум во март, надоместувајќи ги сите падови предизвикани од трговската војна на американскиот претседател Доналд Трамп.
Главниот берзански индекс на земјата порасна дури за 0,7 проценти, на ниво од 23.522,67 бода, надминувајќи го претходниот дневен рекорд од 18 март. Во порастот европските акции ги следеа глобалните конкуренти, при што индексот Stoxx Europe 600 утрово се зголеми за 0,5 проценти, главно поради подоброто расположение бидејќи викендов треба да се одржат трговски разговори меѓу САД и Кина.
Индексот DAX, кој претходно изгуби дури 16 отсто поради зголемената нестабилност на пазарот поради најавите за царини од страна на Трамп, закрепна бидејќи се смета дека новата владина обврска за значителен фискален стимул ќе го поттикне економскиот раст. Германскиот индекс стана толку популарен меѓу инвеститорите што сега е релативно скап, тргувајќи со највисока премија во однос на своите европски конкуренти од 2009 година.
Прочитај повеќе

Трамп рече „купувајте“, берзите во зелено
Доналд Трамп го објави трговскиот договор со Обединетото Кралство
09.05.2025

Оптимизам на пазарите поради најавените преговори САД-Кина
Фјучерсите на американските берзански индекси пораснаа, а доларот го прекина тридневниот пад.
07.05.2025

Берзански преглед: Најдолга победничка серија на Волстрит во последните две децении
Индексот S&P 500 минатата недела ја забележа најдолгата победничка низа во последните дваесет години.
05.05.2025

Формулата на Ворен Бафет покажува дека е време за купување на акции
Пазарната мерка што Бафет ја нарекува „најдобар сигнал за вреднување“ повторно дава зелено светло.
03.05.2025

Европските акции се држат подобро од американските во 2025 година
Хаосот што на глобалните пазари го предизвикува политиката на Трамп се чини дека берзите во Европа го издржуваат подобро.
06.05.2025

Акциите на „Комерцбанк“ (Commerzbank AG) пораснаа дури за 2,1 отсто откако профитот во првиот квартал неочекувано се зголеми бидејќи германскиот заемодавец издвои помалку пари од очекуваното за проблематични кредити во услови на криза среде трговска војна.
„Банкарскиот сектор очигледно го предводеше европскиот раст во изминатите недели, заедно со индустријата и недвижностите, кои се солидни двигатели, особено за Германија“, рече Клаудија Пансери, главна инвестициска директорка за Франција во „УБС Велт менаџмент“ (UBS Wealth Management).